Македонија
Во Берово формирано Здружение за планински спортови, туризам и млади

– Во Берово формирано Здружение за планински спортови, туризам и млади „Патфајндерс“. Претседателот Горан Механџиски информираше дека главната цел на формирањето на вакво здружение е промовирањето на планинските спортови, велосипедизмот, кампингот и офф роуд авантурите во Малешевијата и активирање на младите кон овие спортови.
-Здружението „Патфајндерс“ е ново здружение кое сака да ги развива гореспоменатите спортови и да им даде можност на младите активно да се вклучат во нашите активности. Во идниот период се надеваме дека ќе ги искористиме и одличните услови на Беровското Езеро за повторно враќање на кајакарењето на мирни води, истакна Механџиски.
Како дел од работата на Здружението, како што додаде претседателот на Здружението, веќе се реализираше и првата планинарска тура низ Малешевијата.
-Станува збор за еднодневна планинарска тура која ја насловивме ,,Малешевијата во доцна есен”. Должината на турата изнесуваше 13,3 километри, со времетраење од пет часа и висинска разлика од 284 метри. Турата изобилуваше со панорамски погледи и пејзажи што беше вистинско доживување за самите учесници, додаде Механџиски. Настанот како што додадоа се реализираше со сите мерки и препораки на претпазливост од Ковид 19.