Македонија

Во акумулацијата Стрежево пуштени 6000 единки подмладок од крап и пастрмка

Денеска се изврши порибувањето на водите на ова езеро Стрежево со 1000 единки подмладок од крап и 5000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зголемување на популацијата на риби.
Со водите од Акумулацијата Стрежево се наводнуваат околу 5000 хектари обработливо земјоделско земјиште, се снабдува со сирова вода системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби и се произведува електрична енергија од четири мали хидроцентрали. Акумулацијата Стрежево како дел од овој хидросистем, претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.

Тагови

Поврзани вести