Македонија
Вонредна седница на Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести на вонредна седница треба да изгради став со кој ќе им се појасни на родителите и на вработените во скопските градинки дали забраната за прием на невакцинирани деца со „ди-те-пер“ важи за тие што не се вакцинирани но и за оние деца кои не примиле ревакцина.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се имунизирани откако Министерството за здравство ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести.
Според последните резултати дури 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно вакцинирани против голема кашлица.