Македонија

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Силен северен ветер со брзина до 90 километри на час и дожд

Синоптичарите најавуваат променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи во текот на претпладневните часови. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено по текот на Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот на одредени места ќе достигнува брзина и над 90 километри на час, а УВ индексот ќе изнесува 7.

И во текот на утрешниот ден ќе биде облачно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Слично време не очекува и во Скопје каде што во текот на денот ќе почне да дува силен северен ветер. Максималната ќе достигне 26 степени.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

Тагови

Поврзани вести