Свет

Вонредната одлука на Саудиска Арабија ги спречува странците да стигнат до светиот град Мека

Саудиска Арабија го забрани патувањето до најсветите места на исламот поради страв од коронавирусот, пренесува АП.

Саудиска Арабија го забрани аџилакот на светите места.Вонредната одлука на Саудиска Арабија ги спречува странците да стигнат до светиот град Мека и до Ќаба, коцкестата градба кон која се свртени 1,8-те милијарди муслимани во светот кога се молат петпати на ден.

Одлуката важи и за патувањата до џамијата на пророкот Мухамед во Медина. Властите, исто така, го забранија влегувањето во кралството за сите со туристички визи од нациите погодени од новиот вирус.

Одлуката ја покажува загриженоста од потенцијално ширење во Саудиска Арабија, чијашто монархија богата со нафта е заветена да ги штити светите места на исламот.

Центарот на епидемијата во најпогодената земја на Блискиот Исток, Иран, се чини дека е во светиот шиитски град Ком, каде што верниците посегнуваат да го бакнат и да го допрат славниот храм. Иран сега има најголем број починати од вирусот надвор од Кина: 22 мртви, со 144 потврдени заразени.

Во Саудиска Арабија нема потврдени случаи на новиот коронавирус.

Епидемиите отсекогаш предизвикувале загриженост околу хаџот, кој еднаш во животот е задолжителен за сите муслимани што можат да го исполнат, особено затоа што аџиите доаѓаат од целиот свет.

Тагови

Поврзани вести