Македонија
Возете внимателно: Одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица

Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на расчистување на одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, во близина на селото Очипала.
Одрон материјал се спуштил на дел од коловозот, но сообраќајот не е во прекин. Сепак, возилата се пропуштаат со кратко задржување додека трае расчистувањето.
Надлежните служби предупредуваат дека одрони има и на други места долж магистралата.



