Македонија

Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвено, брзале на состанок

Синоќешната сообраќајна незгода пред Владата според неофицијални информации од очевидци, ја предизвикал возачот Ј.Б., кој во владината „шкода“ во тој момент ги возел вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот Крешник Бектеши. Според сведочењето на соговорниците, до незгодата дошло во моментот кога возила „киа“ и „фиат“, паралелно од двете ленти на „Илинденска“, тргнале на вклучено зелено светло на семафорот, во правец кон Центар. Само што тргнале, службена „шкода“ поминала на црвен семафор и од десната страна удрила во двете прописно тргнати возила, пренесува СДК.мк.

„Шкодата“ во која се возеле Бесими и Бектеши, доаѓала од булеварот Свети Климент Охридски, се движела кон Владата, т.е. кон владините гаражи. Во тоа време беа закажани состаноците на Економско социјалниот совет и преговорите со Синдикатот за покачување на минималната плата” се правдаат со смешни изговори како и секогаш од владата

Возачот кој им го пресекол патот и ги удрил двете прописно тргнати коли, полесно е повреден и однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила поминале со полесни повреди.

МВР освен потврда за настанот и известување за општо познатите работи: час, време, марка на трите автомобила и иницијали на возачите, нема сè уште детали како се случила сообраќајката, додава порталот.

Тагови

Поврзани вести