Македонија

Возачите во своите кабини ќе бидат во мини карантин

Изготвен е правилник како треба да е движат возилата со кои се превезуваат лекови и нафта, соопшти министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција во Владата.

– Протокот на лекови, камиони, нафта треба да биде непречен во сите земји. Ќе биде изготвено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тоа ќе изгледа како една форма на мини карантин на возачите во своите кабини. Тоа го прифаќаат и околните земји. Значи, возачот ќе добие соодветна потврда да вози и надвор од земјата, тоа го прифаќа и другата земја. Таму се прави истовар и се става стока во возоилото од лица кои работат во самите магацини. Возачот знаеме дека е безбеден во својата кабина – рече Филипче и најави повеќе детали за ова кога ќе биде спремен документот.

Сите инспекторати се задолжени да интервенираат каде што има неправилности во спроведувањето на преземените мерки за заштита од коронавирусот.

Тагови

Поврзани вести