Македонија

Водно не смее да се гиба!

На Водно мора веднаш да престане со градбата трасата за гасоводот. Водно мора да остане рекреативна точка која ќе биде пошумувана и нема да се уништува. Шумата да биде еколошки ресурс, а не само како економски.

Водно и денес претставува ерозивно подрачје, и тоа во целосните свои граници, но има и зони со висок ризик, кои коинцидираат со спустот на гасоводната траса кон Шишево, но и искачувањето кон сртот од страна на Сопиште. Моментално, се нема слух за да се тргне трасата од Водно. Се надеваме дека тоа нема да  резултира со нов случај како оној во Стајковци, сметаат од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Андреа Јанков и Мира Беќар од граѓанската иницијатива Го сакам Водно за Екобаланс велат дека „Водно едноставно не треба да се гиба. Конечно треба да се биде дефинирано кои активности може да се вршат на неговата територија“.

Целото интервју погледнете го на следниот линк

Тагови

Поврзани вести