Македонија
Водата во Струга и струшко е забранета за пиење
Повторно водата во градскиот водовод во Струга и струшко е забранета за пиење. Анализите на Центарот за јавно здравје покажаа нарушување на квалитетот, присуство на поголема матност од дозволената, со што таа не е здравствено безбедна за консумирање.

Неисправна вода во јавниот водовод во Струга и струшко е децениски проблем, за што граѓаните повеќе пати организираа и протести.