Македонија
Внимателно со алкохолот и пиротехната за време на празниците, апелираат здравствените работници
Од Јавната здравствена установа „Здравствен дом – Скопје“ известуваат дека нивната служба за Итна медицинска помош со домашно лекување за време на новогодишните празници 24 часа ќе им биде на располагање на граѓаните и ќе се грижи за нивната здравствена состојба

Умерено конзумирање на алкохолни пијалаци и воздржување од користење пиротехнички средства и оружје, препорачувааат здравствените работници пред новогодишните и божиќните празници. Од ЈЗУ „Здравствен дом – Скопје“ во изјавата за МИА, дополнително ги потсетуваат хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Овие совети и препораки, како што велат оттаму, се со цел граѓаните претстојните празници да поминат без алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди.
Посебен апел здравствените работници упатуваат до младата и малолетна популација воопшто да не конзумира алкохолни пијалаци бидејќи прагот на толерација на алкохол на младиот органиузам е низок и многу лесно може да дојде до труење.
И препораката за воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје, исто така, особено се однесува младата популација, за да се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
Од Јавната здравствена установа „Здравствен дом – Скопје“ известуваат дека нивната служба за Итна медицинска помош со домашно лекување за време на новогодишните празници 24 часа ќе им биде на располагање на граѓаните и ќе се грижи за нивната здравствена состојба.
На новогодишната ноќ (31 декемри 2024 – 1 јануари 2025 година), достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“ и „Бит Пазар“.
Со секојдневно работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.