Забава
Влијание на белата боја – совети за здравје според Фенг шуи
Дали знаете зошто белата боја е извор на Јанг енергија, неопходна во случај на болест и како помага за брзo опоравување?
Појавата на болести е непријатно чувство, но тоа е неопходен дел од животниот циклус и зависи од квалитетот и промената на Чи енергијата кај поединец, вели Фенг шуи учењето.
Во техниката на „летачките“ ѕвезди црната со број 2 се нарекува ѕвезда на болеста, а лошо влијае и ѕвездата со број 5 или Ва Вунг- најнегативна појава во картите на „летачките“ ѕвезди.
Кога некој е болен во повеќето случаеви овие ѕвезди ги поврзуваат со моменталната состојба на личноста, без разлика дали се работи за годишна, месечна или планинска ѕвезда во Фенг шуи.
Ако го погледнете оригиналниот Ло Шу квадрат, ќе забележите дека двете ѕвезди се поврзани со земјени елементи. За да ја намали нивната сила потребно е да е да се примени елементот Метал, што по Фенг шуи редуктивниот цуклус на елементи, го црпи елементот Земја.
Поставување на 6 метални ѕвонци во домот е препорака, но тоа не може секогаш да се искористи во пракса.
Затоа кинезите имаат друго решение, а тоа е применување на белата боја.
Не само што белата боја е боја на Метал, туку е и боја на сончевата светлина и се дели на 7 основни бои и е одличен извор на Јанг енергија, неопходна во случај на болести.
Болната личност може да лежи во соба со бели ѕидови, постелнината треба да е чиста и по можност бела, а до болниот мора да допира сончева светлина. Убаво би било ако во близина има и свежо цвеќе во источниот дел од просторијата.
Сончевата светлина и свежото цвеќе се одлични за активирање на Јанг енергијата, а потребно е редовно менување на цвеќето бидејќи штом овене почнува да пушта негативна енергија.
Значи ако сте болни и ако Фенг шуи техниките ги наоѓате корисни лекувајте се во бела постела и бела боја наоколку. На тој начин ќе ја повратите енергијата во телото и ќе оздравете побрзо.