Македонија

Власта и екологистите повторно во клинч, каде да се гради новата охридска марина?

Неопходната изградба на охридска марина денеска повторно ги стави во клинч властите, капетанијата и едриличарите на едната страна и екологистите од другата.

Капетанијата подржува марината да се изгради во близина на студенчишко блато, што за екологистите е апсолутно неприфатливо бидејќи сметаат дека така ќе се предизвика директна еколошка штета во каналот.

Туристичките работници пак  се за тоа марината да се лоцира на потегот меѓу  Грашница и Даљан но и тој предлог засега не добива целосна поддршка.

Иако тешко оди дијалогот, од општината и владата велат  поентата е да се изгради непоходниот објект но притоа да не се наруши ниту дел од езерото и брегот.

Со изградбата на нова марина се предвидува дислокација на сите пловни објекти од каналот. И истата ќе треба да обезбеди место за приврзување на  најмалку 300 пловни објекти, глисери, јахти, едрилици и чамци, но и  место за паркирање на 10 поголеми бродови.

Тагови

Поврзани вести