Македонија

Се нормализира автобускиот превоз, попладне протест пред Град Скопје

Автобускиот превоз во Скопје од утрово се нормализира, откако синоќа во базните станици беше испорачана нафта.
Во текот на вчерашниот ден, главниот град остана без јавен превоз поради недостиг на нафта. Сообраќаа само 25 автобуси на гас, останатите останаа во базите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров, додека граѓаните преку социјалните се организираа за превоз.
За денеска во 13 часот пред бараките на Град Скопје е најавен протест организиран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, а во 14 часот ќе се приклучат и студентите од УКИМ.
Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, синоќа на вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Тагови

Поврзани вести