Македонија
Високи температури но и засилен ветер со можност за дождови и град
Времето денеска како што најавува Славчо Поповски во државава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови се очекува локално да биде нестабилно и наместа со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ со град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локален краткотраен летен дожд но и грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 36 степени.