Македонија

Виновниците за енормните поскапувања ќе барале начин да обезбедат поевтина струја

„Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин”, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски човекот кои ја раководи компанијата која ние граѓаните ја плаќаме за да обезбеди најниска или бесплатна (однапред платена со даноци) струја за сите Македонци.

Откако направија се заедно со владата во последните две години и енормно ги зголемија сметките за електрична енергија тој додава дека: Во меѓувреме, заедно со Владата, бараме начин како да помогнеме на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да ја произведеме и да ја понудиме на бизнис секторот и на институциите, се со цел да помогнеме и на “слободниот пазар”(најголемата измама во последните години) , каде што цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.

„Ние се подготвуваме за грејната сезона(?). Премиерот Ковачевски, министерот Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија”, истакна Ковачевски.

Само да го забележиме и интересниот ПР на владата кои го облече првиот човек на ЕЛЕМ во униформа во стилот на Зеленски и направи презентација со правдања за поскапувањата во стилот на Вучиќ. Секоја чест за креативноста во делот на костимографија и сценографија, а што се однесува до текстот тука навистина и не може повеќе да се направи, освен актерот да излезе недоветен преку она што го зборува.

Тагови

Поврзани вести