Свет

Виена е најдобар град за живеење во светот

Главниот град на Австрија, Виена, е најдобар за живот во светот, оцени официјално Економист.

Виена ги доби најдобрите оценки за безбедност, образование, здравство, екологија, транспорт….и тоа во конкуренција од 140 градови.

Секој втор жител на овој град не е роден виенчанин, но тоа никому не му пречи.

Прв критериум за оваа престижна титула е безбедноста, на која се особено горди и локалните власти и жителите. Тоа значи дека судовите и полиција функционираат одлично, а сторителите на некаков криминал се пронаѓоаат брзо и се процесуираат низ системот.

Јавниот превоз е одлично организиран, а метрото функционира беспрекорно и  е главно средство за превоз.

Околу 200.000 луѓе доаѓаат секојдневно на работа во Виена, главно користат метро и нивното присуство не создава никакви потешкотии во организацијата на градскиот превоз или дополнителни гужви.

Во Виена јавните, државните градинки се бесплатни, одлично изгледаат и функционираат, а има место за сите деца. Нема дете што не е згрижено во градинка.

Дури и престојот во приватните градинки е субвенциониран во најголем дел од градот.

Градската вода од водоводната мрежа е со одличен квалитет и се употребува за пиење.

Тагови

Поврзани вести