Македонија

(ВИДЕО) Уникатната природа на врвот на Баба Планина, Пелистер

Матурантот Пантелејмон Трпчевски од Горната гимназија во Битола сними интересно видео од врвот на Баба Планина, Пелистер, кое денес го испрати до нашата редакција. На видеото може да се забележи уникатната природа со која изобилува оваа планина, како и спектакуларен поглед од над облаците, но и изгрејсонце.

„Со планинарење се занимавам од 10 години, кога со мојата фамилија за прв пат се искачивме на Големо езеро, а чувството беше извонредно. Досега се немам искачено на други планини освен на Баба планина, но размислувам и за искачување на други планини во и надвор од нашата држава. За времетраењето во однос на искачување на Пелистер е релативно, во зима условите се екстремни со минусни температури и до -25 степени, на моменти ветрот се движи со брзина и до 100km/h и сето тоа проследено со густа магла. Ова видео го направив со цел да ја доловам атмосферата на врвот и да ги поттикнам моите сограѓани да се искачат и да го почувствуваат амбиентот и се разбира да ја искажам љубовта кон најубавата планина. One Mountain-One Love“, истакна Трпчевски.

Видеото го снимил зимава во периодот од 25.12.2019 до 03.01.2020.

Тагови

Поврзани вести