Колку невремето било силно, најдобро покажува фактот што поради градот, неколку стотици возила биле оштетени на автопатот меѓу Парма и Пјаченца, и дека патот бил затворен некое време.
Како што може да се забележи на снимките, возачите ги запреле своите автомобили, а на возилата е видлива штетата, пред сè скршените ветробрански стакла.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, поради лошите временски услови, имало и неколку сообраќајни несреќи.
Корисниците на социјалните мрежи тврдат дека градот бил со големина на тениско топче.
Силниот ветер, обилните дождови и градот, предизвикале голема материјална штета и во покраините Реџо Емилија и Модена. Таму бурата срушила дрвја, покриви, а некаде имало и поплави.