Македонија
ВИДЕО: Невремето предизвика локални излевања во Охрид – улиците се претворија во река

„Охридњус“ објави видео-снимка од улицата „Петрино“ во Охрид на која се гледа дека шаххтите не можат да ги примат големите количини атмосферска вода која се меша со фекалната и се излева низ улицата од каде се шири непријатна миризба, велат локалните жители.
Тие и овој пат се пожалиле до ЈП „Нискоградба“ за проблемот кој редовно се повторува при поголеми врнежи, од каде, како што велат, секогаш добиваат ист одговор – секаде е така.
Пристап со аптека, продавница малку потешко, нема место каде што можеш да поминеш, а да не се намокриш. – се жалат мештаните.
Продолжуваат поројните дождови низ Македонија. Хидролозите уверуваат дека нема опасност за излевање на големите реки, но, како што предупредуваат, тоа е можно кај тие со помали корита.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека плоштадот во Охрид е поплавен како последица на поројните дождови кои денеска го зафатија тој град.
Охрид моментално ⛈ pic.twitter.com/Nr1RrDE6KG
— СамоМоја (@samomojaa) August 5, 2020