Свет
ВИДЕО: Најсилниот дожд во последните 30 години во Сиднеј – изгасна два пожари и донесе поплави

Најсилниот дожд во последните 30 години го погоди Сиднеј и донесе поплави ширум Нов Јужен Велс, но истовремено изгасна и два масивни пожари во тоа австралиска држава.
Метеоролошката служба на Австралија соопшти дека во изминативе четири дена во Сиднеј паднале 391,6 милиметри дожд, што е три пати повеќе од просекот за февруари.
Околу 100.000 домови се без електрична енергија, а надлежните предупредуваат дека наглите прелевања може да бидат опасни по живот.
Благодарение на силниот дожд на тоа подрачје осѕтанаа да горат само 17 пожари, пренесува Би-Би-Си.