Свет
(Видео) Ден по песочната бура, Австралија погодена од град
Природните аномалии и понатаму ја напаѓаат Австралија. Сè почна со пожарите, потоа заврна обилен дожд, кој предизвика поплави, а сега југоистокот од земјата го погодија песочна бура и силен град, пренесуваат локалните медиуми.
Само еден ден по песочната бура, во која дуваа ветришта со брзина до 100 км/час, врз југоистокот на Австралија се истури град со големина на топчиња за голф, кој оштети многу автомобили и ги искрши гранките од дрвјата.
Hail destroying the trees at Parliament House.. poor gardeners pic.twitter.com/bHEES1yhHy
— Tamsin Rose (@tamsinroses) January 20, 2020
Телевизискиот канал „7 њуз“ прецизира дека силен град е забележан во Нов Јужен Велс, пред сè, во Камбера. Во изминатите 24 часа за помош на спасувачите им се обратиле повеќе од 1.500 луѓе, а речиси илјада од нив биле поврзани со оштетувања на објектите поради стихијата.
Телевизијата истакнува дека истовремено во Викторија, Јужна Австралија и Тасманија продолжуваат да беснеат шумските пожари.