Свет
(ВИДЕО+ФОТО) ВИРАЛЕН ХИТ: Зграда низ која минува автопат

Зградата „Gate Tower” во Јапонија е само една од многуте импресивни згради во Осака, но она што ја прави уникатна во светот е функционалниот автопат што поминува низ неа.
Сообраќајот низ 16-катната деловна зграда воопшто не ги погодува луѓето што работат во неа. Лифтовите се наоѓаат од страна на зградата, а самиот автопат не ја допира зградата, која е веќе добро изолирана од сообраќајната бучава и вибрации.
Кулата „Gate Tower” беше резултат на компромис во петгодишен спор за земјиштето.
Правата на сопственост ги држеше компанија за јаглен уште од периодот на Меите, но состојбата на зградите на земјиштето се влошувало, со текот на времето, како резултат на постепеното опаѓање на деловната активност, пренесува „Oddity Central”..
Меѓутоа, во 1983. година, кога било одобрено преуредување на областа, сопствениците на земјиштето не добиле дозволи затоа што јапонската влада веќе планирала таму да поминува автопатот Ханшин. Тоа бил почеток на долга и тешка правна битка.
За да се избегнат понатамошните одложувања во изградбата на автопатот, јапонската влада предложила интересен компромис. Фирмата би ја задржала сопственоста на земјиштето, но да се согласи автопатот да поминува низ нивната сопственост.
Делот од автопатот што минува низ зградата на тој начин официјално станал нејзин станар, и како таков е наведен на списокот на станарите по спратови и плаќа кирија.
Спратовите од петтиот до седмиот се недостапни со лифт, со оглед дека се зафатени од необичниот станар, но може да се дојде до осмиот кат и да го набљудувате сообраќајот подолу.
Возењето низ зградата не е особено возбудливо, со оглед дека практично минувате низ краток тунел, но уникатниот подвиг не престанува да ги воодушевува корисниците на социјалните мрежи.