Економија
Вештачкото ѓубриво поскапо за 300 отсто!
Воената криза, се поочигледната поделба на континентот и санкциите од речиси сите европски земји го зема данокот. Поскапи горива, екстремно поскап природен гас, поскапа струја, зејтин од сончоглед нема ни за лек, а брашното и пченката со прехранбена конзумација имаат се повисоки цени.

Земјоделците се пред големи искушенија кај нас, во целиот регион, а и во цела Европа. Сите влади имаат судни маки да прават акробатски „скаламуции“ за да обезбедат некакви стимулации за земјоделците да продолжат да ги хранат своите нации.
Во Македонија земјоделското производство особено она на житарици станува тешко подносливо за земјоделците. Вештачките ѓубрива последнава сезона предизвикани од галопирачките цени на плинот (природниот гас) во нашата малопродажна мрежа поскапеа до 300 отсто. Ако една вреќа ѓубриво уреа се продавала за 600 денари на последната есенска сеидба достигна цена од 1.500 денари. Паралелно со тоа постојано расте и цената на нафтата која е неопходна на земјоделците. Пред претстојната пролетна сеидба во која во Македонија се сее само оризот од житните култури вештачкото ѓубриво сега се продава по цена од 30 евра за вреќа, а лани пред сеидбата беше околу 500 денари.
Зошто Македонија не превзема ништо за да го запре ова економско лудило, дали владата има моќ да одлучи во корист на граѓаните или само слепо ќе продолжи да ги следи наредбите кои се во корист на туѓи интереси е прашањето што секој си го поставува во последно време. Очигледно дека санкциите нема да донесат никакви промени или да помогнат цивилите во Украина да не страдаат повеќе, наптотив ќе ги зголемат, а и какви се тие мерки кои директно негативно влијаат врз животот на македонците.