Култура

Вечерва концерт на Даниел Милер-Шот на „Охридско лето“

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечер го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, еден од најбараните виолончелисти на денешницава.

Милер-Шот е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност, информираше Министерството за култура и туризам во својата фејсбук објава.

На програмата на вечерашниот концерт што ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот се избрани дела од Јохан Себастијан Бах.
Тагови

Поврзани вести