Македонија
Ветерот што синоќа дуваше во Скопје бил со брзина од над 100 километри на час
Ветерот што синоќа дуваше во Скопје бил со брзина од над 100 километри на час, информира утринава Управата за хидрометеоролошки работи.
Силниот ветер откорна дрвја, покриви од згради и оштети фасади на објекти. До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од синоќешното невреме.
Се отстрануваа паднатите лимени конструкции од зградите и откорнатите дрвја од улиците. Од налетот на силниот ветер не издржа ниту фасадата на зградата на МЕПСО. Паднатите дрвја и делови од покриви на згради предизвикаа застој во сообраќајот.
Фото: Фросина Насковиќ / МИА