Живот
Вертикални шуми во Милано

Италијанскиот архитект Стефано Боери и неговиот тим се наградени за проектот вертикални шуми во Милано. Се работи за високи згради во кои се интегрирани дрвја и зеленило, што се еквивалент на илјадници квадратни метри шума. На терасите ќе има околу 800 садници од дрвја, 15. 000 растенија и 5.000 грмушки.
Новата вертикална шума во Милано ќе „прочисти“ 14 тони јаглерод диоксид и ќе произведува девет тони кислород секоја година. Оваа зграда исто така ќе биде покриена со вегетација како постоечката, па ќе ја менува бојата секоја сезона.
Самата кула ќе произведе 65 проценти од нејзините енергетски потреби, затоа што ќе има илјадници соларни панели. Архитектонското биро на Стефан Боери ги претвора градовите во урбани шуми од 2014 година, а новиот проект е всушност надградба на стариот.