Економија
Венеција воведува такса за „влез“ од април
Градското собрание на Венеција денеска соопшти дека за 29 дена во 2024 година, поради масовен туризам, ќе применува целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден.
Таксата ќе се применува во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај, потоа викендите во мај (11 и 12, 18 и 19 и 25 и 26), јуни (8 и 9, 15 и 16, 22 и 23 мај и 29 и 30), како и два викенди во јули (6 и 7 и 13 и 14).
Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти.
-Тоа е експеримент кој има за цел да го подобри квалитетот на животот во градот, за оние кои живеат таму и за оние кои работат таму, се правдаат властите кој нелегално сакаат да направат профит за кој немаат никаков основ за наплата освен небулозни оправувања како ова.
Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.
Да се надеваме дека овој пример нема да се рашири низ светот, а и дека ќе престане да функционира и во самата Венеција, бидејќи никој нема право да наплатува слободен простор и посета на светски културни наследства!