Македонија
Велокрос трка во градскиот парк во Битола
Во градскиот парк во Битола се собраа велосипедисти од цела држава кои се натпреваруваа во велокросот „Трофеј“ што се одржа во Битола по подолга пауза.
На натпреварот учествуваа велосипедисти од различна возраст од мали до повозрасни.
Велат дека секој ден се на точак, тоа им е превозно средства за да стигнат на училиште, факултет, работа.
Велосипедска трка во Битола ја организираа од Велосипедска Федерација на Македонија и Велосипедскиот клуб 15 мај од Битола.
Велат дека Битола и заради сообраќајниот калабалак, но уште повеќе заради загаденоста на воздухот има обврска да ја зголеми и унапреди масовноста во користењето на велосипедите.
Една од мерките што ја предлагаат е формирање на велосипедски секции во секое основно и средно училиште, како и влегување на велосипедизмот како спорт во календарот на училишни натпревари. Понатаму ќе развиваме нови идеи.
Најмлад учесник беше Сара Саздовска. Во категоријата хоби, прво место за Мартин Бушиновски, втор Андреј Прчков, трето место Марио Темелковски. Во категоријата кадети, прво место за Лука Димитриевски од Кичево, второто место Давид Ристевски, а третото Благој Марковски и двајцата од Велес.
Во категоријата јуниори прво место за Кристијан Макеновски од Велес, второ место за велешанецот Виктор Ванчевски и трето место за Даниел Мојсовски од Кичево.
Во категоријата сениори прво место за Тефик Салиху од Куманово, второто место за Кирил Марковски од Куманово и трето место за Борислав Соларски исто така од Куманово.
И во категоријата мастерс првото место за битолчанецот Златко Гецовски, второто место за Љупчо Глигоровски исто така од Битола и третото место за битолчанецот Миле Силјановски.
До крајот на годината ќе организирaаt уште три тури.