ВестиМакедонија

ВВФ со нова иницијатива сака да го намалува отпадот од храна

Светската организација за заштита на природата ВВФ (WWF) претстави проект за намалување на отпадот од храна, истакнувајќи дека годишно во светот се фрла околу третина од произведената храна, односно околу 1,3 милијарди тони, а на ниво на ЕУ 88 милиони тони.

„Освен што со количеството создаваме голем притисок на депониите, со неправилното одложување на тој отпад се испушта метан, а покрај тоа се потребни огромни количества тло, вода и енергија за производство на тоа прекумерно количество храна“, истакнаа од ВВФ (Светски фонд за природата).

Тие напоменуваат дека дури 50 милиони тони овошје и зеленчук во Европа се фрла исклучиво поради „неправилната“ форма, што чини 140 милијарди евра, а во домаќинствата се создава повеќе од 53 отсто отпад од храна.

Проблемот со отпадот од храната, истакнаа, „стои рамо до рамо“ со проблемите со климатските промени или пластиката, а фрлањето на храната е и голем социјален проблем имајќи го предвид растот на бројот на гладни и сиромашни.

Истакнаа дека поради тоа почнуваат проект за помош, првично, на хотелите да го намалат својот еколошки отпечаток преку програмата за намалување на отпадот од храна.

Тагови

Поврзани вести