Свет

Вакцините не важат за патување во уште 7 држави од ЕУ

Уште седум земји од ЕУ - Португалија, Ирска, Кипар, Летонија, Италија, Грција и Австрија - веќе бараат негативен тест за вакцинирани лица кои доаѓаат од ЕУ, а Финска во вторникот вечерта најави дека ќе го направи истото.

„Сите патници ќе мора да покажат негативен резултат од тестот за COVID-19 на влезот во Шведска, без разлика од која земја доаѓаат“, соопшти шведската влада. „Оваа мерка ќе важи и за оние кои биле вакцинирани или прележале ковид“, додава Стокхолм.

Омикрон се шири

Меѓутоа, оваа обврска не важи за лица помлади од 12 години и за патници кои имаат шведско државјанство или дозвола за престој во Шведска.

Одлуката е донесена поради „засиленото присуство на COVID-19 низ светот и брзото ширење на верзијата омикрон“, соопшти владата.

Според одлуката на Европската комисија, јавноста мора однапред да биде информирана за барањето за негативен тест во рамките на ЕУ, тоа мора да биде временски ограничено и пропорционално на потребата за заштита на јавното здравје.

„Разбираме дека некои земји-членки воведуваат мерки, но навистина не сме сигурни дека ова е особено корисно за патување, сепак мислиме дека потврдата треба да биде доволна“, рече комесарот Дидие Рејндерс.

Комисијата во вторникот одлучи дека потврдата за вакцинација против COVID-19 по целосна вакцинација важи девет месеци за патување во ЕУ, со цел да се поттикне ревакцинацијата иако истата е без никаков рпозитивен резултат. Со тоа што вакцините не важат за патување во  седум држави од ЕУ, идиректно ЕУ ја потврдува нивната неефикасност во заштита и ширење на вирусот?

Тагови

Поврзани вести