Свет
Ваксерски феномен: Австриец се заканувал дека ќе убие невакцинирани луѓе
Еден 47-годишен жител на австрискиот град Велс преку социјалните мрежи се заканувал дека ќе ги убие сите невакцинирани луѓе.
Според полициското соопштение, тој за да ја потенцира својата закана се сликал со пиштол и фотографијата ја поставил покрај заканувачката порака.
На распитот тој изразил жалење поради заканата поставена на социјалните мрежи.
До која мера се искривени вредностите кај овие луѓе кажува и неговата небулозна изјава во која за неговата грешна перцепција обвинува други луѓе. Тој фашистички истакнал дека е бесен што мора да се вакцинира и е обврзан да се придржува до сите мерки, а општеството не може да се врати во нормала поради “невакцинираните лица”, да не е ова трагично ќе беше смешно
Против него е поднесена кривична пријава до Обвинителството на Велс и му е изречена забрана за поседување оружје.