Македонија

Важно известување од Детска клиника: Децата со температура од денеска да се носат во болницата „Козле“

Клиниката за детски болести упати известување до сите родители чии деца имаат покачена температура, од денеска да ги носат во болницата за белодробни заболувања во „Козле“. Ова се однесува и на матичните лекари на децата. Одлуката ја донесе Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се заштитат децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести.

Велат дека во болницата во Козле има капацитет да бидат згрижени децата со температура, сомнителни на коронавирусот и децата кои доаѓаат од дебарскиот регион. Истовремено, информираат дека хоспитализираните пациенти кои сега се во Козле во текот на денешниот ден ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести.

Тагови

Поврзани вести