Живот
Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија

Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта.
– Ситуацијата е многу драматична. Полошо е од 2023 година, рече тој. Во градот Брисигела, поплавите ги зафатија местата долж реката Марзено.
Граѓаните се повикани да ги евакуираат своите домови, а евакуираните ќе бидат сместени во локалното училиште.
На повеќе места во Емилија-Ромања, вклучувајќи ја и Болоња, водостоите се зголемуваат, а локалните власти издадоа наредби за евакуација. Силно невреме се очекува во наредните 24-36 часа.