Свет

Британскиот премиер Стармер свика итен состанок поради антимигрантските протестите во земјата

Британскиот премиер Кир Стармер денеска (5 август) свика итен состанок на шефовите на полицијата, одлука што е донесена по неколкудневните антиимигрантски протести во кои беа запалени објекти и возила, а мета беа и хотелите во кои се сместени баратели на азил.

Протестите во земјата започнаа минатата недела откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија. За време на демонстрациите досега се уапсени 420 лица.

Антимигрантските и антимуслиманските групи ги искористија убиствата, кои на интернет шират лажни информации дека осомничениот напаѓач е радикален исламист кој неодамна пристигнал во Британија.

Полицијата соопшти дека осомничениот е роден во Велика Британија и дека случајот не се третира како терористички чин.

Тагови

Поврзани вести