Забава
Борба за опстанок: Животот на поларните мечиња на Арктикот
Во оваа епизода на National Geographic сведочиме на еден магичен момент, борбата за опстанок на поларна мечка и нејзиното мало поларно мече. Не е лесно да се преживее суровата природа на Арктикот, но со помошта на мама сè е полесно.
Дали мечето ќе ги научи животните лекции за преживување од неговата мајка или ќе настрада од опасностите кои демнеат? По 8 долги месеци гладување мајката носи одлука дека е време за лов, инаку ќе го изгуби млекото за малечкото.
Во оваа епизода исто така се следи приказната за млада поларна мечка и нејзините први денови на независност, кога едно утро се буди без нејзината мајка. Иако минала со мајка ѝ две и пол години во подготовка за овој момент, сепак брзо ќе западне во неволја, но и ќе научи нова животна лекција.