Забава

БиХ прва земја во светот што поставила сообраќаен знак со предупредување за лилјаци

Босна и Херцеговина е првата земја во светот што има сообраќајни знаци што предупредуваат на лилјаци, а на влезот во тунел-пештерата „Пониква“ го поставиле членови на Центарот за спелеологија во Сараево.

„Тоа е прв таков знак во светот колку што знаеме постојат за дивеч општо, за диви свињи, кенгури, лосови“, соопшти Центарот и додал дека дозволата за поставување на знакот го одобрила Дирекцијата за патишта на Зеничко-добојскиот кантон.

Знакот е поставен на двете страни од влезот на тунелот-пештара „Пониква“ на регионалниот пат што од Вареш води преку планината Ѕвезда во долината Крива.

„Пониква“ е една од петте пештери во светот низ кои по целата должина поминува сообраќајница. Во „Пониква“ живеат неколку вида лилјаци. Според информациите, знакот е поставен поради тоа што лилјаците предизвикувале сообраќајни несреќи.

Тагови

Поврзани вести