ВестиМакедонија
Брендот Леона во Брисел се закити со интернационалната награда “Супериорен вкус”(Superior Taste)
Интернационалниот институт за вкус со седиште во Брисел ја додели наградата за "Супериорен вкус" (Superior taste) на македонскиот производител ЛИОН од Свети Николе за нивните бисквит производи
Бисквитите на брендот Леона се застапен на нашиот пазар, а оваа година се закитија и со големото признание за вкус кој го доделува реномираниот “Интернационален институт за вкус” со седиште Брисел во голема конкуренција од цела Европа.
Потрошувачите во Македонија веќе уживаа во вкусовите на производите на Леона, а наградата е потврда за нашиот ангажман и посветеност во развивање на врвни квалитетни производи со деликатен и софистициран вкус кој веќе е препознатлив и надвор од нашата земја. Ова признание ни покажува дека сме на вистински пат и е поттик за нашата натамошна работа, изјавија во Лион.