ВестиСвет

Биогориво за автобуси

Во Лондон дел од двокатните автобуси почнаа да се движат на ново бигориво кое се добива од остатоци на кафе. Биогоривото се произведува со комбинација од масло од кафе (20 проценти) кое се добива од отпадоците и од традиционалното дизел-гориво (80 проценти).

Компанијата што го произведува горивото, „Био-бин“ пресметала дека еден просечен жител на Лондон дневно пие по 2,3 шолји кафе од кои се создаваат околу 200.000 тони отпад на годишно ниво. Компанијата зема дел од тој отпад од синџирите на кафулиња и од фабриките за кафе, го суши материјалот и го извлекува маслото од него, кое потоа го користи во своето гориво. Со комбинацијата од масло и дизел-гориво го создава новото Б20 гориво, односно гориво што се добива со мешање со класичниот нафтен дизел. Погонот на „Био-бин“ може да рециклира 50.000 тони кафе годишно. Со Б20-биогоривото тие планираат во Лондон да понудат поевтина и еколошки поприфатлива алтернатива на класичниот дизел. Крајната цел е до 2050 година Лондон да има јавен превоз кој воопшто нема да генерира емисија на штетни гасови.

Тагови

Поврзани вести