Забава

Бик нападна велосипедист на сред трка

Малку недостасувало да се случи вистинска трагедија на велосипедска трка во САД, популарната „Бјанки Рок Колбер“, долга 128 километри и која се вози низ некои од најтешките и најнепрегледни предели на западот од САД.

 

Тони Индербизин, еден од велосипедистите, тешко настрадал откако див бик му се пушти среде трка, го преврте од велосипедот, па откако тој паднал, уште повеќе збеснал бикот и со роговите го поткачил. За среќа луѓето во близина, кои прво не можеле да поверуваат што се случува и врескале, брзо помогнале да го набркаат разулавениот бик за да велосипедистот да избегне смрт.

„Сѐ ме боли, пред сѐ вратот и горниот дел од грбот. Имам доста гребаници и модринки од ударот. Само главата и левата рака не ме болат“, рекол Индербизин.

Инаку на трката уште три велосипедисти биле нападнати од бикот, но сите минале со ептен лесни повреди.

Тагови

Поврзани вести