Забава
Берлинската катедрала стана дом на околу 30.000 пчели!
Берлинската катедрала, која привлекува многубројни туристи во главниот град на Германија, стана дом на околу 30.000 пчели благодарение на активизмот на биолозите.
Станува збор за иницијативата “Берлин зуји”, која во 2010 година ја започна биологот Корина Хелсер со нејзиниот сопруг.
Инспирирана од аматерски пчелар кој во 1980 год. формираше пчелна колонија на кровот на Париската опера, Хелсер сака да привлече внимание за проблемите на пчелите и другите инсекти, создавајќи нивни колонии на забележливи места.
“Пчелите се одлична референца за објаснувањето на сè друго. Без опрашувачи, немаме здрав екосистем”, рече таа.