Македонија

Бензините со уште пониска цена

Новото намалување на бензините доведе до најниски цени во последниве две години. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од синоќа на полноќ цената на 1 литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48.00 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи по 50,00 денари за литар.

РЕК одлучи, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V),  да се намали за 1,00 денар, со што дизелот од синоќа на полноќ се точи по 45.00 денари за литар.

Тагови

Поврзани вести