ЖивотМакедонија
Белиот лав Чака се прилагодува на надворешното живеалиште
Белиот лав Чака се прилагодува на надворешното живеалиште, а деновиве за првпат се запозна и со Бела.
Инаку тој во јануари од Франција пристигна во Зоолошката градина во Скопје. Лавот ѝ се придружи на лавицата Бела, која пристигна неколку дена пред него од Ходенхаген, Германија.
Бела и Чака ќе живеат заедно во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.