ВестиМакедонија
Бектеши: Нема да има рестрикции! Што значи дека сигурно ќе има
Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со овие изјави и со претходото искуство со овие луѓе поставени како власт веќе со многу голема веројатност може да го потврдиме спротивното, ќе има рестрикции, а енормните покачувања на цените веќе не се ни тема.
Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето.
Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во рационалното трошење струја треба сите да придонесат.
-Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, истакна Бектеши.
Претходно на прес-конференцијата во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и оти потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство.
– ЕСМ не набавува електрична енергија, само јаглен и мазут за поголемо производство на струја, подвлече Ковачевски, пренесува МИА
Ова предвремено правдање и давање на одговор на непостоечки прашања е стар метод на оваа инсталирана власт во Македонија и од претходните искуства веќе со сигурност можеме да очекуваме обратна ситуација што значи дефинитивно ќе има рестрикции за струја за што ќе ги обвинат корисниците како несовесни.
Оваа метода на дигање паника дека нема доволно струја исто така најмногу оди во корист на енормините покачувања на електричната енергија кој се тотално неоправдани и бизни-политички лажно креирани. Инаку инсталираната власт во Македонија под чии ингеренции е правилното снабдување и правилното работење на капацитетите за производство на електрична енергија веќе со години оди на нивно наменско уништување и онеспособување за работа.