Забава
„Безглаво чудовиште“ најдено во океанот кај Антарктик
Вакво суштество никогаш не било забележано во овој дел од светот, тврдат австралиски научници.

Во водите на Јужниот Леден Океан е направена фасцинантна видеоснимка од необично морско суштество, за кое подоцна е утврдено дека станува збор за видот Enypniastes eximia.
Ова суштество кое многумина ги потсети на „безглаво пиле“ првобитно го доби називот „чудовиште“, а потоа е забележано како плива околу брегот на источниот Антарктик, што е прв пат да биде забележан ваков вид во ова подрачје.
„Снимките оставаат без здив, содржат видови кои не сме ги виделе во овој дел од светот“, вели доктор Дирк Велсфорд, од програмата за Австралиската антарктичка дивизија.
Суштеството има облик на буре, додека телото е потполно транспарентно.
Најмногу време поминува на дното на океанот, користејќи ги своите мрежести перки со помош на кои се движи.
Ова несекојдневно морско суштество, Enypniastes eximia, претходно е забележано само на едно место, во Мексиканскиот Залив во 1984 година.