Македонија
БЕГ бара поскапување на парното од 300 отсто
Драматични вести доаѓаат за корисниците на парно греење во Скопје.
Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава и пренесува порталот „Фактор“.
Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека земјава нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична.
Официјално од Регулаторната комисија за енергетика велат дека колку точно ќе поскапи парното ќе се знае кога БЕГ ќе достават докази за тоа по која цена ќе го склучат договорот за набавка на гас за следниот период. Барањето на БЕГ сега им е вратено, а за зголемувањето ќе се одлучува кога ќе се достават бараните докази од страна на регулаторот.