Интервју

Беа Џонсон: Животот со нула отпад го прави нашиот живот побогат

„Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе дојдам во Скопје и ќе говорам за овој начин на живот, немаше да му поверувам. Уште помалку ќе поверував дека и мојата книга ќе биде преведена на македонски јазик“ вели Џонсон во интервју за „Екобаланс“

Беа Џонсон, Французинката која со своето семејство живее и работи во Калифорнија, САД вторпат беше гостинка во Скопје, каде присустуваше на промоција на нејзината книга „Дом со нула отпад“. Во 2013 година, кога за првпат е издадена во САД, „Дом со нула отпад“ била единственото сеопфатно четиво за ѓубрето како фактор за (по)едноставен и исполнет живот. Оттогаш книгата е преведена и адаптирана на повеќе од 20 јазици, а Беа Џонсон неуморно зборува за придобивките од живеењето со нула отпад и ја „шета“ својата тегла ѓубре низ целиот свет.
Беа Џонсон дојде во Скопје на покана на Андријана Папиќ Манчева, членка на неформалната група граѓан(к)и „Од нула до нула“. Токму Папиќ Манчева е и преведувачот и приредувачот на македонското издание на „Дом со нула отпад“.

„Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе дојдам во Скопје и ќе говорам за овој начин на живот, немаше да му поверувам. Уште помалку ќе поверував дека и мојата книга ќе биде преведена на македонски јазик“ вели Џонсон во интервју за „Екобаланс“.

ЕКОБАЛАНС:Дали книгата „Дон со нула отпад“ ќе им помогне на луѓето да го разберат овој начин на живот?

ЏОНСОН: Кога држам говори,има движење, луѓето се собираа и стануваат организиани. Андријана спомена некои работи кои ги забележала дека се случуваат. Но мислм дека со книгата многу луѓе ќе го разберат подобро овој начин на живот и ќе сфатат дека е применлив во нивните домови.

ЕКОБАЛАНС:Кои се петте правила на животот со нула отпад?

ЏОНСОН: Петте правила кои ги предлагам во книгата се: да се одбие она што не ни треба, да се редуцира она што всушност ни треба, да се реупотреби со тоа што продуктите за еднократна употреба ќе се заменат со продукти со повеќекратна употреба, да се рециклира она што не може да се одбие, редуцира или реупотреби и на крај сметот кој го компостира сето останато.

Ова се правилата кои се применливи каде било во светот. Каде било во светот можеш да научиш да кажеш „не“. Денес живееме во општество на конзумеризам кои промовира многу добра. Кога и да прифатиме пластична кеса или пластична сламка во пијалокот, далеку од нас е да побараме да се направи соодветна замена за истата.Кога еднаш ќе ги донесеме работите во нашиот дом, не само што ни го пополнуваат домот, туку стануваат и наш проблем со ѓубрето.

Второто правило е да се редуцира. Тоа значи да се прифати едноставен начин на живот. Секаде во светот може да се направи тоа. Секаде во светот може да ги оставите работите кои не се реупотребуваат, да ги направите достапни за локалната средина, што го промовира second-hand пазарот, кој е многу важен за иднината на нула отпад.

Третото правило е реупотребата, тоа е да се одвои отпадот од она што може повторно да се употреби. Секаде во светот може да се заменат хартиените со платнени крпи, сунѓерите со дрвени четки за триење, салфетките со шамивчиња, жилетите за еднократна употреба со оние за повеќекратна употреба. Постои алтернатива за реупотреба на секој продукт на пазарот, вклучувајќи ги и кондомите.

Четвртото правило е рециклирањето и тоа е можеби најскокотливо, зависно од тоа дали локалната средина го прави да биде лесно, дали го собираат или ви овозможуваат простор каде може да ги оставите овие продукти и дали имаат склучено договор со компаниите за рециклирање. Но, кога ќе го прифатите овој начин на живот, самите барате решение и останува на секој да открие каде може да ги рециклира продуктите кои не може да се одбијат, редуцираат или реупотребат. Нула отпад не значи да се рециклира повеќе, туку да се рециклира помалку, па доколку ги прифатите првите три правила редоследно, тогаш знаете дека ќе ви останат малку работи за рециклирање што го поедноставува процесот.

И на крај е сметот кој го компостира сето останато.Секаде во светот може да се компостира. Постои систем за компостирање на пазарот, без разлика дали живеете во природа или во град, дали сте сингл или сте во брак. А во книгата посветувам еден дел на тоа како да го одберете системот кој најдобро функционира за вас.

ЕКОБАЛАНС:Вие сте денес неицспрна инспирација за милиони луѓе низ светот. Безмалку цела деценија заедно со своето семејство создавате само по еден килограм ѓубре годишно. Кои се вашите практични совети?

ЏОНСОН: Треба да се следат сите пет правила по ред, затоа што редоследот е многу важен. Ако ги практикувате редоследно, тогаш и вие ќе можете да го намалите ѓубрето драстично. Она што ќе го откриете е еден поинаков живот, еден подобар живот, побогат живот кој го подобрува начинот на живеење. Вие прифаќате нови производи и многу е важно да прифатите решенија и алтернативи кои ќе ги практикувате во животот. Доколку го направите тоа нула отпад ќе стане ваш начин на живот. Затоа е многу важно да се прифатат нештата и алтернативите со кои ќе се чувствувате удобно, да бидете среќни со решенијата кои сте ги прифатиле. Ниту еден од производите кои сте ги користеле претходно нема ви недостига.

ЕКОБАЛАНС:За вашиот стил на живот веќе говоровте во Обединетите нации во Њујорк и во Европската унија. Но, многумина не можат да го прифатат овој начин на живот. Што овозможува овој начин на живот, според вас?

ЏОНСОН: Мислам дека многу луѓе се плашат од нула отпад. Се плашат да одлучат. Ја гледаат нашата тегла со ѓубре и си мислат: ’Ох господи, ќе ми треба цела вечност за ова’. Некои луѓе сметаат дека треба да бидеш хипи за да живееш на овој начин. Но, не е така. Може да бидете хипи ако сакате, но не со тоа што ќе го прифатите овој животен стил. Многу луѓе сметаат и дека ќе ги чини повеќе. Но воопшто не е така. Со нула отпад откривме дека штедиме до 40 отсто од нашиот вкупен буџет. Ова произлегува од фактот што сега трошиме далеку помалку од претходно. Денес сме среќни со бројот на нештата кои ги имаме во нашиот дом. Повеќе не додаваме во инвентар, купуваме кога навистина треба да се замени нешто, дури и кога купуваме тоа го правиме во second-hand, бидејќи чини помалку. Но, исто така и храната што ја купуваме е без амбалажа. Кога купуваме нешто што е во амбалажа, 15 отсто од сумата оди на пакувањето. Не е производителот оној кој го плаќа тоа, туку ние, купувачите. Кога купувате производи во ваши садови, па дури и храна и средства за чистење, вие заштедувате. Но, ние исто така го заменивме сето она што се фрла со реупотреблива алтернатива. Тоа значи дека повеќе не ги фрламе нашите пари. Ги заменивме сите продукти за еднократна употреба со оние за повеќекратна, што доведе до голема заштеда. Но многу луѓе се плашат од овој начин на живот, затоа што сметаат дека ќе им одзеде многу време од животот, тие се многу зафатени, градат кариера, тука се и обврските околу децата, пазарењето, чистењето и мислат дека ќе им биде потребно многу време. Секако, за да го прифатите овој начин на живот ќе треба да се потрудите. Но навистина претставува добра инвестиција, затоа што по извесен период ќе забележите дека ви заштедува многу време. По дефиниција кога прифаќате едноставен живот, тоа не ви го комплицира животот, напротив прави простор за она што ви значи. Тоа е најголемата предност од ваквиот начин на живот.

ЕКОБАЛАНС:Живееме во ера на конзумеризам. Постојно се купуваат нови работи. Како да се научат луѓето да трошат помалку и да создаваат помалку ѓубре?

ЏОНСОН: Ова општество на конзумеризам беше создадено од производителите, од моќните маркети кои креираа фикции. Тие ветуваат финансиска заштеда, заштеда на време, но кога ќе го прифатите таквиот начин на живот сфаќате дека сте биле изиграни. Кога ќе ги замените производите за еднократна употреба со оние за повеќекратна, не мора да одите во продавница за да купувате на пример ако останете без хартиени крпи. Кога купувате хартиени крпи мора да одите во продавница за да ги купите. Тие зафаќаат многу простор, па можеби ќе ви треба половина од багажникот од вашиот автомобил за да ги пренесете и донесете до вашиот дом. Во нашиот случај би биле само 36 чекори за да стигнеме до влезната врата, потоа треба да ги складираме, а одземаат многу простор. Кога еднаш ќе ги употребиме, треба да ја одвоиме хартијата од кутијата или пластиката, ако сакаме да правиме нешто. Но потоа ќе ја наполниме вреќата за ѓубре, која исто така ја купуваме и треба да ја симнеме за да ја соберат од компанијата што собира смет. Потоа треба да одиме назад во продавницата за да купиме уште повеќе. Ова е само еден пример од стотици други производи кои треба да ги отстраниме од нашите домови. Не само што ова доведува до заштеда на финансии, туку и дозаштеда на време, за да не се справуваме со вакви нешта.

ЕКОБАЛАНС:Дали нула отпад е тренд или нешто што ќе опстане подолго време?

ЏОНСОН: Кога започнавме откривме дека терминот нула отпад тогаш се поврзуваше со производствената практика, справување со отпадот на ниво на град. Во градот Капанари во Италија се искористи за борба против имплементација на инцинератор (печка за палење ѓубре). Но кога ми се појави во глава терминот нула отпад, ми постави цел. Тогаш терминот нула отпад не се поврзуваше со начин на живот, но ми помогна да направам чекор напред. Но, немаше ниту книга ниту водич за тоа како да се живее живот со нула отпад. Па моравме да пробаме многу работи. Испробавме многу екстремни работи, но на крај почнавме да ги практикуваме оние нешта во кои се гледавме себе си дека можеме да ги правиме на подолг рок.Тогаш нула отпад стана наш начин на живот. Во еден момент разговарав со мојот сопруг велејќи му дека имам потреба да го споделам решението што го најдовме со другите луѓе. Луѓето кои исто така сакаат да се ослободат од ѓубрето можат да изнајдат соодветни решенија. И така почнав да ја пишувам книгата. Мојот сопруг не се согласи со тоа, велејќи дека ќе се соочам со критики, дека ќе се изложам јавно пред публиката. Но му кажав дека многу ми е важно да го споделам ова и мило ми е што го направив тоа, бидејќи никогаш не ќе поверував дека книгата ќе биде преведена на повеќе од 20 јазици и никогаш не ќе поверував дека она што го правиме дома ќе создаде движење. Навистина е возбудливо да се види влијанието на движењето не само во домовите туку и во бизнисот, па и големите корпорации забележуваат дека движењето расте. АКИА на пример гледа дека движењето расте брзо и нивен претставник дојде да разговара отворено со мене да придонесам за нивните производи, производи кои бараат нула отпад, производи кои се надеваш дека ќе ги видиш на пазарот, материјалите кои ги преферираме. Останува на нивните бизниси да го прифатат тоа. Зборував со Amazon, Starbucks, UN, што покажува дека ова станува нешто што не е тренд, туку нешто што ќе остане.

ЕКОБАЛАНС:Едноставноста на овој начин на живот нуди повеќе време за читање книги, за документарни филмови посветени на животната средина. Помалку ѓубре значи повеќе слободно време, повеќе пари и помалку бришење прашина. Може ли човек да посака нешто повеќе?

ЏОНСОН: Кога прифаќате едноставен живот тоа преминува во нешто што е дури и тешко да се објасни со зборови. Моите деца тогаш беа на помала возраст и со помош на нула отпад направив нешта кои сметав дека се невозможни. Благодарение на овој начин на живот и заштедата на финансии која можевме да ја направиме, успеавме да имаме доволно време, но исто така да си дозволиме да одиме на места и да правиме активности како на пример мојот сега 18годишен син патуваше низ 22 земји, за нивните родендени ги носевме на параглајдерство или банџи џампинг. На крајот, ова е тој живот исполнет со доживувања што го прави нашиот живот побогат и тоа е она што ги прави моите деца поинакви од другите.

Тагови

Поврзани вести