Македонија

Беалсица заслужува статус на заштитено подрачје

Планината Беласица да се прогласи за заштитено подрачје и на тој начин да се заштити  големото природно и културно наследство што го има на планината а ќе се отвори и можност за развој на  на еко рурлниот туризам.

Ваква иницијатива пред надлежните институции покренаа екологистите од Планетум од Струмица кои сметат дека единствено од македонска страна ова планина и понатаму е на удар на неконтролирана сеча, градби и уништувања.

„Планината Беласица е веќе заштитена од бугарска и грчка страна. Од бугарска страна е природен парк, од грка страна е национален парк. Со заштита ќе се отвори поголема можност за промоција на регионот.“ – вели Миле Николов – ЕД Планетум.

Зад иницијативата застанаа и велосипедистите и планинарите  кои сметат дека Беласица плаче за планински велосипедизам и рекреативно пешачење бидејки располага со одлични патеки и богата флора и фауна.

„Беласица е еден од поубавите планини низ кои имаме возено. Таа има голем потенцијал за велосипедизам и планинарење.“ – вели Кире Тасев – ВК Актив.

Подршка на ваквата иницијатива даде и општина Струмица се со цел да се зачува целиот еко систем на Беласица и од македонска страна.

„Точно сега е време да почнеме и ние да даваме придонес во тој поглед и да ја заштитиме од нашиот дел. да биде планина на пријателство, здружување и симбол на заедничка грижа кон природата и иднината.“ – вели Коста Јаневски – градоначалник.

Иницијативата ќе биде доставена до министерството за животна средина а паралелно екологистите од Планетум  ќе ги изготвува и потребните документи се со цел да се убедат одговорните дека Беалсица заслужува статус на  заштитено подрачје.

Тагови

Поврзани вести