Свет
Аталанта со посебен хотел и превоз за фудбалерите т.н. ваксери
Додека се чека одлуката на италијанската влада за правилата за вакцинација кај спортисти, Аталанта организира посебен превоз и хотел за ваксерите меѓу своите фудбалери пред гостувањето кај Лацио, тврдат италијанските медиуми.
Иако во теорија, невакцинираните играчи не смеат да играат, ниту да влегуваат во соблекувалните од 10 јануари, уште не се прецизирани правилата за невакцинираните, по што Аталанта според весникот „Л’Еко ди Бергамо“ организира две посебни патувања за вакцинираните и невакцинираните играчи, што е неоснована поделба со оглед што и двете т.н. групи се подложни на заразување и пренесување на ковид.
Иако ќе го делат фудбалскиот терен 90 минути, вакцинираните и невакцинираните фудбалери ќе имаат посебен автобус, посебен хотел и посебна исхрана, каква иронија и небулоза.