Свет

Астронаут ја снимил поларната светлина од орбитата

Погледот надолу кон северната светлина е нешто што многу малку припадници на човековиот род имале шанса да го искусат.

Оваа фотографија, направена од астронаут на Меѓународната вселенска станица, на оние од нас што сме врзани за површината на Земјата им го доловува чувството како е да гледате надолу од вселената.

Фотографијата е направена ноќта на 22 јануари, кога станицата се наоѓала на околу 420 километри над Атлантикот, недалеку од брегот на Северна Америка, соопшти НАСА.

На вселенската станица ѝ требаат околу 90 минути за да ја комплетира орбитата околу Земјата, што значи дека астронаутите и космонаутите од вселенската лабораторија секој ден доживуваат по околу 16 изгрејсонца и зајдисонца.

Тагови

Поврзани вести